Крваво и напнато завршил фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Пицерија Соста Облигата и Меџик Гејмс Парти на турнир во Џенова кој бил доделен да го суди на 23 годишната судијка Роза Грота.
Според италијанските медиуми натпреварот бил доста тензичен по една судиска одлука која не им се допаднала на фудбалерите на Соста Облигата и кои почнале вербално да и се закануваат. Но ситуацијата кулминирала која некој од фудбалерите и удрил бокс на младата судијка, која бил во шок и веднаш била пренесена во болница.
Еден од фудбалерите кои насилно се однесувал со делителката на правдата бил Андреа Арена кој бил и претседател на клубот Пицерија Облигата. Откако полицијата интервенирала на теренот, Арена се обидел да избега, но веднаш го фатиле.
Дисциплински мерки за немилиот инцидент ќе превземе Фудбалската Асоцијација од областа Лигурија, која е организатор на турнирот, а случајот бил веднаш пријавен и во Италијанскиот олимпински комитет (КОНИ).
Фудбалерите на Соста Облигата и минатата сезона на еден натпревар предизвикаа инцидент и му се закануваа на судијата, а претседателот Андреа Арена беше казнет со 4 меча неиграње.