Крсте Роџевски е од Битола, во Њујорк има своја ординација.
Тоа е она што е редовно.
Она што е вонредно е гласот на Крсте. Тоа е еден магичен хибрид од Бадев и Сариевски. Ултра талент. Пее на 9 ствари на албумот на Дуке Бојаџиев (Love is the way), беше негов гостин на концертот во Карнеги Хол и вади феноменални преработки на македонски песни во афро-бразилски ритам кои со помош на Дуке би требало да се појават на соло албум.
Доста говоранции. Тука сме за музика. Слушнете го ова:
Крсте: Ај да бегаме мори Васе