1. Купи апарат за еспресо кафе од 2.000 евра.
2. Разведи се по втор пат.
3. Почни да трчаш полумаратони и на секого досаѓај му за тоа.
4. Смувај се со некој од 2003-то годиште.
5. Исфрли алкохол во својот живот.
6. Уфрли алкохол во својот живот.
7. Кажувај дека отказот што си го добил од работа ти е шанса за поголем раст.
8. Уплати 10 дена на Бали „за да се пронајдеш себе.“
9. Во иста недела уплати часови по готвење, керамика и играње на шипка.
10. Купи си прескап часовник и кажувај дека материјалното не те занима.
11. Почни со пилатес и тоа нека стане целата твоја личност.
12. Реши да живееш во комбе.
13. Кажувај дека веќе не си за излегување и после спичкај се од алкохол во некој вторник.
14. Започни подкаст.
15. Откри го бањањето во мраз.
16. Почни да пиеш колаген и 19 суплементи.
17. Купи 27 производи за нега на кожа кои ги препорачала инфлуенсерка која ја мразиш.
18. Зборувај како конзумеризмот е срање.
19. Направи леб од кисело тесто и зборувај како треба да се негува стартерот.
20. Почни да се будиш во пет и зборувај како не ги разбираш оние кои спијат до 9.
21. Почни да правиш кефир.
22. Купи дрон.