Марвел ако не го земат Ристо - п е д е р и!

Уште глобусот не ни беше смирен од неговото прво појавување на нашата страница, а откриваме дека постои цел документарен филм за најсилниот: Ристо Петревски - Токмакот од Македонија! Немате појма колку е генијално!

Наместо трејлер:

* „Роден и растен во Македонија. Татко и мајка, од Македонија. Дојдов овде кога имав 13 години. Знам што можам, а што не можам. И живеам од кршење коски“.

* Ристо во стандардниот аутфит (голо торзо, МК-хеланка, чизми) по маало шета две пудлици. Ги збоднува ко да се коњи врани.

* Ристо пие кафе во Старбакс. Не му се допаѓа. Ич.

* „Не се борам за оние деца во првите редови што имале да платат по 20 долари за билет. Јас се борам за Македонија.“

* Ристо дига сноп штеки за билјард. Ристо е сомничав кон киксот. Го фрла. Ристо удира топка и (изгледа) погаѓа!

* Ристо во кола ја пее: Бисер балкански.

* Ристо покрај базен чита весник, пие нешто црвено и јаде чипс. Некоја мува му смета. Тоа црвеното изгледа не е толку лошо како Старбакс.

* Ристо удира едно гранче. Гранчето знае со кого си има работа, не му враќа (+18).

* Ристо во кола пее: „Ајде сега станете, сите на нозе“. Управува со една рака, другата му е зафатена со емоции од песната.

* Ристо без зборови, но недвосмислено му реплицира на весникот. Во право е.

* „Ристо може да тренира кај што сака. Некогаш во теретана кога ќе видат дека Ристо им доаѓа на врата, викаат: „Денеска господине можете да вежбате бесплатно“. А јас им викам: „Фала.“

А СЕГА, СЕТО ТОА ЗАЕДНО:

„Ристо Петровски - Токмакот од Македонија“
(документарец за еден дивјак)

п.с. Исто како кај Марвел, ќе згрешите ако станете кога почнува шпицата. Ќе пропуштите како Ристо ги мрда цицките (+18).

16 март 2017 - 13:53