Меси удри играч со топка во глава

Аргентинскиот ас ги изгуби нервите. Интер Мајами доживеа дебакл и изгуби убедливо дома 0-3 од Колумбус но од 36' минута играше со играч помалку поради црвениот картон кој го доби Гонзало Лухан. Кај гостите Гонзало Тапија даде два гола а токму нему Меси му го истури бесот и лутината од поразот кога во финишот го удри намерно со топка во лице. Доби само жолт картон.

22 ноември 2026 - 10:06