Како стојат во Баерн со плати?

Билд ги откри платите во соблекувалната на Баерн Минхен. Хари Кејн и официјално стана најплатениот фудбалер во историјата на Бундеслигата.

Според информациите на Билд, годишната бруто-заработка на Кејн вклучувајќи ги и бонусите, достигнува неверојатни 29 милиони евра, што претставува нов рекорд во Бундеслигата.

Посебно внимание во германската јавност привлекуваат високите примања на дефанзивците како Упамекано и Ким Мин-џае, кои се во ист ранг со легендите на клубот Нојер и Кимих.

Александар Павловиќ, кој и покрај сериозниот интерес од европските гиганти, како Манчестер Сити, не ја искористил ситуацијата за да изнуди астрономско зголемување на договорот, останувајќи на сума од околу 8 милиони евра годишно.

Германскиот медиум ги подели фудбалерите на Баерн во пет платни категории. Сите бројки се однесуваат на годишна бруто-плата со вклучени бонуси. Кејн и Мусијала се недопирливи на врвот.

Овие бројки се појавуваат во период кога раководството на Алијанц Арена се обидува да воспостави построга финансиска дисциплина и да го оптимизира буџетот за плати. 

20 ноември 2026 - 11:20