ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.
Во пресрет на вечерашната мега битка во ЛШ меѓу гиганите за кои успех е само титулата, излезе еден занимлив податок. Баерн и ПСЖ се соочуваат шест сезони по ред во елитното натпреварување и тоа секоја сезона во различна фаза, од групна до финале. ПСЖ победил само еднаш, Баерн шест пати.
Цел живот ќе се навраќаат на овој датум, додека постојат. Затоа што на Маракана им дојде Баерн кој доби клоца во газ. 24 април, 1991-ва. Ноќ за паметење обоена со црвена боја и емотивно прераскажана со легендарната „Небо се отворило“. Конечните 2:2 значеа пласман во финале во КЕШ. Останатото е историја.
На 5 кола до крајот на германскиот шампионат, Баерн има +12 пред Дортмунд, што значи дека му преостанува уште математички да ја осигура титулата. Каде ќе се изгравира нивното име кога просторот на трофејот е полн со прваци?
Баерн Минхен ја совлада Басконија со 96:89, натпревар од Евролигата на кој дебитираше Ненад Димитријевиќ. Македонскиот плејмејкер одигра 17 минути во кои запиша 8 поени, 3 скока и 4 асистенции. Намести и цепелин.
Многу пресврти синоќа во Лига на шампиони. Меѓу нив и оној на Алијанц, каде Кимих во 54 минута си постигна автогол, а потоа Спортинг прими три. Еден од нив е на Карл за историја.
Се одигра на 14 август 2020 зад затворени врати поради пандемијата. Тоа беше прв пат Барса да прими 8 гола во еден натпревар од 1946 година и само втор пат да прими повеќе од 4 гола во еден натпревар во европските натпреварувања после 1976-та. Распад систем каков што многу ретко се случува на вакви мега дуели.
Чудно звучи насловот како за Светско, но така сакаше ФИФА со новиот систем, а противниците на европскиот гигант и не можеа да поминат поинаку со оглед на енормно големата разлика во класи на двете екипи.
750 натпревари, 247 гола, 176 асистенции, 13 првенствени титули, 2 Лига на шампиони, 2 Клупско светско, 6 Купови на Германија, 2 Супер Купови на Европа и 8 Супер Купови на Германија. Toa e Томас Милер.
Налетавме на јак евергрин од Црвена Ѕвезда во Лига на шампиони, а тоа е последната пречка на Ѕвезда пред финалето во Бари 1991. Клипот е само со велелепните потези на Дејо.
Додека на Бернабеу Реал не се ни доближи до резултат блиску до пресврт, Баерн на Меаца беше на еден гол до продолженија. Во последната минута од судиското продолжение, во битка за што побрзо да изведе аут, Јосип Станишиќ го бутна од стол едно од децата што собира топки, па му рипнаа домаќините.
Како вчера да беше, а поминале 14 години од таа нокаут средба меѓу вечерашните противници во ЛШ. Тогаш се сретнаа во осмина, а вечерва ќе се соочат со четвртфинале. Интер го играше реваншот на Алијанц со непријатен резултат. Го загуби првиот дуел дома со 0:1 и тоа во 90-та минута. На 2:2, во 88-ма среден Минхен, експлозија на Горан Пандев за голема победа од 2:3 и пласман во топ 8. Незаборавен гол.
Баерн Минхен уште петочки си ги заврши обврските ова коло во Бундеслигата, со победа против Штутгарт на гости од 1:3. Убав гол на Штилер во 34 минута на кој му одговорија Олисе, Горецка и Коман. Многу лоша проценка на голманот на домаќините Александер Нибел. Очај.
Ако некој меч беше локум единица за кладилница и кој патем имаше и беден коефициент за победа, тоа сигурно беше Баерн Минхен, апсолутен фаворит против Селтик. Но на крај 1:1 одиграа и тоа се спасуваа во 94-та минута. И Винсент Компани фати да помага.
Слован Братислава ја завршува сезоната во ЛШ со најмногу примени голови, вкупно 27 и 7 дадени. Коефициентот дека ќе загубат од Баерн беше 1.01. Примија 3 комада, ама барем во последната минута Хрватот Марко Толиќ си го направи ќеифот со убав погодок.
Екипи како Ливерпул, Интер и Баер Леверкузен сезонава имаат по еден пораз во првенство, Наполи и Реал по два, Барса три, Сити четири. Излезе статистика од топ 9 лигите, од единствените екипи кои немаат загубено натпревар. Јуве како претплатен на реми.
Третото коло од ЛШ мина во знакот на шпанската фудбалска лекција против гигантите од Бундеслигата и тоа двојна. Реал ја намачка на леб Борусија со 5:2, а Барселона го доби убедливо Баерн со 4:1. Буквално ги здробија и целосно ги надиграа, а на моменти си поигруваа како со мали деца.
26 мај 1999, стадион Камп Ноу, гледачи 90.000, судија Пјерлуиџи Колина. 6 минута Марио Баслер 0:1, 91 минута Теди Шерингам 1:1, 93 минута Оле Гунар Солскјер 2:1. Ниту имало ниту ќе има друг ваков пресврт во Лига на шампиони. Шок за срцев удар.
Реал и Баерн одиграа драматично реванш полуфинале во ЛШ како што го личи, но судиите направија голем превид во финишот. Де Лихт: Линискиот судија ми кажа „Извини, направив грешка“.
Никако. Се соочија со елиминација од вкупни 5:0, а дома загубија 0:4. Два гола на Роналдо, два на Рамос. И двете екипи имаа страшни состави предводени од тренери по име Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти. Баерн ја бранеше европската титула, а Реал ја освои. Слободниот на Роналдо во стилот на Тони Мицевски.