Лани Реал, преклани Баерн, вечерва повторно Баерн. Фудбалерите на ПСЖ глава не можат да кренат од великани во нокаут фазата од ЛШ и ниту знаат како да ги минат. По поразот дома од 0:1, Парижаните останаа без муниција и на Алијанц. Им пресуди токму нивниот поранешен напаѓач, Камерунецот Ерик Максим Чупо Мотинг. Гнабри во финишот ги постави конечните 2:0. Во четвртфинале оди и Милан кој одигра 0:0 во Лондон.