Баерн Минхен не успеа да излезе на крај во четвртфиналното соочување со Манчестер Сити и со вкупни 1:4 ја завршува европската авантура за оваа сезона.
Две елиминации во рок од две недели им се случија откако сменија тренер и на местото на Нагелсман го назначија Тухел. Прво загубија дома од Фрајбург во четвртфиналето од домашниот Куп, а синоќа им се случи шамар и во ЛШ.
Тухел тргна лошо со само две победи на шест меча, а навивачите извадија две пароли и го вперија прстот кон извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
„Може да се промашат голови, но не и вредностите на клубот. Во прашање е политиката на управување“.
„Брацо + Кан: Херои на минатото, губитници на денешницата“.
Баерн во групна фаза тргна убиствено и е единствен тим со 6 од 6, остварени против Интер, Барселона и Викторија Плзен и тоа со гол разлика 18:2. Потоа во осминафинале го збришаа ПСЖ со вкупни 3:0.
Спасот на сезоната останува да го бара во Бундеслигата, но и таму не е убедлив. Минатото коло одигра дома 1:1 против 13-то пласираниот Хофенхајм и е прв со само 2 бода предност пред Борусија Дортмунд.
"Brazzo + Kahn: Heroes of yesteryear - losers of today" - Banner by some Bayern fans [📸 @ransport] pic.twitter.com/COFwzPQRaP
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) April 19, 2023
„Ziele dürfen verfehlt werden - Werte des Vereins nicht! Führungspolitik hinterfragen!“ #Südkurve #Kahn #Salihamidzic pic.twitter.com/IpyV3Bx5qY
— ran (@ransport) April 19, 2023