Користењето смартфон за да одговориш на мејлови од работа по 21 часот прави утредента да бидеш помалку одморен, помалку фокусиран и помалку ангажиран на работа.
Овој феномен го анализираат истражувачи од три Универзитети (Флорида, Мичиген стејт и Вашингтон) кои заклучуваат дека ваквото однесување најмногу е поврзано со користењето смартфон.
Тие имаат две теории за објаснување:
Првата се базира на "исцрпување на егото," односно идејата дека "самоконтролата има енергија од ограничени ресурси кои се подложни на исцрпување." Со други зборови, ние имаме ограничено внимание кое може да го посветиме и ни треба да имаме одреден период во кој сме сами за да ги наполниме овие резерви. Ако не го добиеме овој период, ние сме помалку фокусирани, сакаме да го скршиме мониторот пред нас и да се развикаме.
Според втората, смартфоните се специфично дизајнирани за да ни го нарушат сонот. Најголем дел од нас спиеме со нив оставени до глава, па кога ќе вибрираат или ќе се вклучат заради нова порака, тие го нарушуваат нашиот сон и РЕМ циклусот. На ова се надополнува дека недостатокот на сон исто така придонесува за проблеми во делот со мозокот задолжен за самоконтрола.
"Затоа, неодамнешните истражувања го поврзуваат недостатокот на сон со исцрпување на силата за самоконтрола, што пак последователно се поврзува со проблеми во регулацијата на девијантно и неетичко однесување," пишуваат истражувачите.