Досега, европските ветувања за „изобилство сончева и ветерна енергија“ успеаја само во едно: намалување на емисиите на јаглерод за 30% во однос на нивоата од 2005 година (Во САД се намалија за 17%).
„За среќа, европските семејства плаќаат храна со намалување на стакленички гасови, нели?“, иронизира Волстрит Журнал.
Намалувањето на емисиите е единствената придобивка што ја има сегашниот план на Европа за уништување на доверливи јаглен и нуклеарни централи во корист на изградба на непредвидлива и несигурна инфраструктура за ветерна и сончева енергија.
Германија сега има највисоки домашни цени на електрична енергија во развиениот свет, додека Велика Британија има највисоки стапки на индустриска електрична енергија, според кошничка од 28 големи економии анализирани од Меѓународната агенција за енергија. Италија не е далеку зад нив.
Просечните цени на електричната енергија за тешките индустрии во Европската Унија остануваат приближно двојно повисоки од оние во САД и дури 50% повисоки од Кина.
На овој начин Европа сама се исклучи од големата глобална приказна со дата центрите и бумот на ВИ индустријата.
Одговорот на прашањето зошто сите центри за податоци во западниот свет се градат претежно во САД лежи во табелата подолу. Тие сервери и нивните системи за ладење голтаат енормна струја. Зошто во Европа да плаќаат по преку 25 центи за kWh, кога имаат и за само 8 центи за kWh?

Не е само цената која ги брка центрите на податоци туку и европската инфраструктурна индустрија која не може да се справи со побарувачката.
Џером Еванс, извршен директор на германски оператор на центри за податоци, сакал да ги прошири своите два центра за податоци во Франкфурт, кој е интернет раскрсницата во Германија. Локалниот снабдувач со електрична енергија му рекол дека за енергијата што му треба, ќе мора да почека 2035 година.
А некои проблеми допрва почнуваат. На пример, што ќе се прави со претстојното цунами од „обновлив отпад“, кога на оние силнi соларни панели и ветерници ќе им помине рокот на траење.