Одлично си проаѓаат на журката, сосе мамурлукот и сè друго што следува. Единствен проблем е што се успиваат и не стигнуваат на време да се вратат на факултет пред почетокот на испитот.
Го нашле професорот и се обиделе да му објаснат зашто го пропуштиле испитот.
Му кажале дека викендов биле на журка и планирале да се вратат на време да учат, но на враќање им се дупнала гумата, немале резерва и заради тоа задоцниле.
Професорот размислил, и им рекол дека сепак може утре да го полагаат испитот. Со олеснување, двајцата студенти се враќаат во соба и цела ноќ учат за испитот.
Утредента, професорот ги става двајцата студенти во одделни училници и им ги дава тестовите.
Првата задача им носи 5 поени и е нешто едноставно. Веднаш ја решаваат и вртат страна.
Втората задача носи 95 поени и гласи:
- Која гума?