- Полски автобуски оператор објави дека е вратена автобуската линија 666 до полското крајбрежно одморалиште Хел (едно „л“ пократко од англискиот збор што значи Пекол).
- Со тоа се воскреснува демек контроверзното автобуско патување "Highway to Hel" и ќе биде 13-часовна линија што ќе го поврзе Краков со Хел, минувајќи низ други големи полски регионални градови, вклучувајќи го и главниот град Варшава.
- Конзервативни религиозни групи жестоко се спротивставија на „сатаничката“ поврзаност на 666 со Хел, па од нивен притисок, во 2023 година бројот беше променет во 669.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.