Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ана Чупеска извади неколку добри идеи

4 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со децении слушаме за борба против корупцијата како да е некоја митска, недостижна дисциплина. Доста беше дијагностицирање на патологијата; време е за терапија на шок. Наместо истрошената реторика, ни треба радикална прагматика, пишува доскорешната потпретседателка на СДСМ.

  • Замислете, наместо перверзијата во која криминалците си го откупуваат конфискуваниот имот преку трети лица (де факто, земајќи кредит од сопствениот криминал), да воведеме механизам на Социјална реупотреба. Тоа е италијанскиот Antimafia Codice преведен на македонски: конфискуваната вила на Водно не се продава на „братучедот“, туку преку ноќ се трансформира во центар за деца со попреченост или засолниште за жртви на насилство. Тоа не е само правда, тоа е симболичка детоксикација на просторот. 

  • Ни треба светлосен удар врз буџетот. По примерот на словенечкиот Supervizor Erar, треба да инсталираме дигитален „Голем Брат“ за државните пари – платформа која во реално време, без филтри и без „административни одложувања“, ќе ја покаже секоја исплата. Сакаме да видиме како парите патуваат од МЕПСО до некоја фантомска фирма за „консултантски услуги“. Кога парите стануваат видливи, корупцијата ја губи својата интимност; таа веќе не може да се крие зад флоскулата „деловна тајна“.

  • Без обвинители-самураи, независни од партиските телефони, кои ќе имаат само една задача, да ловат „големи риби“, нашиот правосуден систем ќе остане само скапа сценографија за евтина претстава.

  • Сето ова мора да биде „армирано“ со целосна дигитализација. Да го елиминираме шалтерскиот феудализам каде малиот службеник глуми Бог барајќи „уште еден документ“. Кога алгоритмот одлучува за лиценцата, нема простор за „честење“, умно пишува проф. др Ана Чупеска, која уште да научи дека не мора да нè дразни со непотребна употреба на Северна.

извор

Батерија до три дена, отпорност на вода и голем AMOLED екран: што носи REDMI Note 17 Pro Max 5G?

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Море, мори бре

Сноуден: Државната шпионажа го презема интернетот

Две цртички за Тито

Како го снимаа Хуља

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy