Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Кристијано Роналдо потврди дека го напуштил кампот на португалската репрезентација пред натпреварот од Лигата на нации против Данска, закажан за в четврток.

Роналдо соопшти на Инстаграм дека заминал, кратко откако селекторот Жорже Жесус изјави дека не планира да го вклучи во почетниот состав за натпреварот во Копенхаген. 

Причините за својата одлука најави дека ќе ги објасни „во соодветно време“.

„По прес-конференцијата со селекторот на репрезентацијата и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, донесов одлука да го напуштам репрезентативниот камп.

За скоро време, ќе им ја кажам вистината на сите Португалци за причините што ме натераа да ја напуштам репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен.

Сега е време да им посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок“.

Најдобриот стрелец на сите времиња во репрезентативен фудбал со 146 гола, не настапи во неделата на мечот против Норвешка, кој Португалците го добија со 2:1. 

Оттогаш тој не тренираше со остатокот од тимот и тоа поттикна бројни шпекулации за можен судир со Жесус.

Од португалската федерација соопштија само дека Роналдо го напуштил тренинг-кампот и дека подготовките на тимот ќе продолжат со преостанатите 24 играчи.

Авиокомпанија се мајтапи со Роналдо зошто остана резерва

1 октомври 2026 - 08:42