Таг: кристијано роналдо

Хет-трик на Роналдо за 15 минути, му фалат уште 15 до 1.000-ка

Ал-Наср го совлада Ал-Холуд со 5-3 и се израмни на врвот на табелата со Ал-Кадсија, која исто така има 28 бода на своето салдо. Роналдо даде четири комада, но три му признаа во 66`, 72` и 81`. Сега вкупно 985 погодоци во кариерата. На 9 меча сезонава има 8 првенствени гола.

Дебата на големо за голот на Роналдо

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Роналдо се посрамоти од пенал и од 2 метри на празен гол

Ал Наср го совлада Неом 1:0 со убавиот гол на Жоао Феликс. Во златните времиња, ова требаше да биде еден нормален хет-трик на Роналдо, но Португалецот утна три големи шанси. Го промаши цел гол од пенал, а потоа реагираше лошо сам на празен гол.

Руни за заминување на Роналдо од репрезентација

„Да ја напуштиш португалската репрезентација на таков начин и да пуштиш такво соопштение е погрешно во секој поглед. Го поткопуваш селекторот, соиграчите, федерацијата. Сè што направи беше погрешно од фудбалски аспект. Не беше тоа пријатно за гледање. И не можеш да му кажеш на селектор што треба да каже на прес“.

Како Алегри го измамил Роналдо за да може Пјаниќ да изведе слободен удар?

Со егото на Роналдо тешко е да се справи човек, затоа и не може да истрпи да биде резерва и на тоа на 41 година. Во Јуве имаше дадено само еден гол од слободен удар и тоа од скоро 100 обиди. Еднаш тренерот нашол чаре како да го тргне од топката.

Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа

Селекторот на Португалија зборуваше на прес за жешката тема „Кристијано Роналдо“. Проблем со него вели дека нема, туку се работи за тренерска одлука.

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Кристијано Роналдо потврди дека го напуштил кампот на португалската репрезентација пред натпреварот од Лигата на нации против Данска, закажан за в четврток.

Небесен скок на Роналдо, гол број 979

Ал Наср ја доби Абна со 2:1 во 6. коло од првенството во Саудиска Арабија. Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 22 минута и сега е на 21 гол до целта од 1.000 голови во кариерата.

Нова урнебесна епизода со робот

Викендов еден лик, тоест робот го сруши легендарниот светски рекорд на Болт на 100 метри. Овој ќе шутира слободен удар, ама ќе направи и уште нешто. Да се смееме или? Не знам.

Кошкањата по дома меѓу Роналдо и син му

Роналдо јуниор: Мбапе е подобар од тебе. Роналдо: Ама јас имам дадено повеќе голови од него. Плус промаши пенал. Роналдо јуниор: Ама и ти промаши еднаш.

Новинар му побара покачување на газда Роналдо

Двајца новинари после мечот Португалија - Узбекистан, поентираа многу јако со две прашања до Роналдо и го изнасмеаа. Одиме со ред.

Не сака ни името да му го чуе

Го прашаа Кристијано Роналдо, односно се обидоа да го прашаат за Меси. И така.

Играчи со најмногу Мундијали во историјата

Лео Меси и Кристијано Роналдо овој месец ќе станат први фудбалери на планетава со шест учества на Светските првенства. 40 годишните Модриќ и Ноер, како и 39 годишниот Нагатомо ќе стигнат до пет. И Гиљермо Очоа доби шести повик, но на првите два не настапил. Легендарниот мексикански голман на 13 јули ќе полни 41 година.

Роналдо во невидено еуфорично издание со тапан

По четири сезони мина во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, конечно на 41 година ја дочека првата шампионска титула во друштво на Жоао Феликс, Мане и Брозовиќ. Даде два гола во последното коло, па плачеше од радост и на крај изненади со луда прослава.

Роналдо со два гола до прва титула во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо конечно го освои Блискиот Исток и стигна до првата шампионска титула во неговата четврта сезона во Саудиска Арабија, прва за Ал Наср од 2019-та.

Јаки факти за Кансело и Јамал

Внимавајте на следниов податок: Ламин Јамал роден 2007-ма, веќе има повеќе титули во Ла Лига од Кристијано Роналдо. Верно ви е?

Сиромашкиот уште се нервира за Меси

Прво почна иронично да им враќа во негов стил (а зошто побогу воопшто се замара???), за потоа да се фати за таквото. 50 видеа има вакви откако е отиден во Саудиска Арабија. На 41 факинг година е фит, ита кон 1.000 голови и 'ќе игра на шесто Светско и уште не се научи да игнорира провокации.

Кики Светско се ближи, бери памет

Ова кој го виде, го виде, ама на Светско подруго е со публика. Немој и од тебе мемиња да почнат да прават. Како прволаче ја одигра еден на еден.

Како ќе изгледа голот на Роналдо број 1.000

Пусти Роналдо, тртна 41, се испокара со сите во Саудиска Арабија, ама нема шанси да прекине се додека не стигне до опсесијата наречена 1.000 голови во кариерата. Веќе му го предвидоа јубилејниот гол.

Песна за Роналдо од татко му на Леао

Ајде малку петочки во ритам со татко му на Рафаел Леао, Франк Леао кој компонираше песна во чест на роденденот на Роналдо кој вчера наполни 41 година. Не знаеме за вас, ама нас вака ни се слуша рефренот: Кристијано о Ристе Роналдо :).

Камерманот кој ќе крка два кафетини поради Роналдо

На Португалецот не му одат слободните удари во Саудиска Арабија. Тоест зависи како гледате на тоа. Погледнете ја оваа прецизнос.