Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.