Колумбо нè олади, доцна е за втор

Да речеме, ги убиваш Французите за цела територија на Франција да ти остане на располагање за пошумување. Новата вегетација шмука CO2 од атмосферата па климата се лади. Победа?

Импактот на европската колонизација на Америка бил толку значаен што глобалната температура паднала доволно за да предизвика мини ледено доба. Таа не само што убива милиони недолжни луѓе туку ја пореметува и климата на целата планета, утврдиле од лондонскиот Универзитетски колеџ.

По нивните проценки, пред да биде откриена, на територијата на цела Америка живееле околу 60 милиони луѓе, што е отприлика 10% од вкупната светска популација во тоа време. Доаѓаат „белите“ и со себе носат смрт, нови болести (сипаници и сл), војни, ропство и таа бројка за само сто години се сведува на 5 или 6 милиони домородни луѓе.

Потоа научниците пресметале колку земја, дотогаш култивирана од тамошните нативни цивилизации останала запустена и почнала да биде природно зафаќана од шуми и савани.

Територија колку Франција!

Сиот тон нов хлорофил успева да исцица битен дел од јаглерод диоксидот од атмосферата чија концентрација паѓа за 7 до 10ppm (тоа се седум до десет молекули CO2 на милион молекули во воздухот) што доведува до опаѓање на просечните температури.

Во историјата тоа време често се нарекува „мало Ледено доба“ и е период во кој, на пример Темза, во зимските месеци редовно замрзнувала. Докази за намалениот СО2 од таа епоха можат да се најдат во соодветните слоеви мраз на Антарктикот.

Некоја „нова пошумена Франција“ денес не би имала голема улога бидејќи пошумување на толкав простор би бил доволен за само две сезони испуштање штетни емисии по денешни стапки.

 

7 февруари 2019 - 12:19