Иронија на денот:

Правилник за водовод и канализација во „Водовод и канализација“

Замислете во институција во која се дели правда да треба на вработените да им напишеш дека е нефер да крадат од колегите. Отприлика на тоа ниво е и овој туторијал од едно наше јавно претпријатие. Ако тие не знаат како со својата канализација (па им треба детално упатство до каде да ги спуштат гаќите), Господ нека ни ја чува заедничката. Дур не сме се удавиле.

Овој правилник во 5 чекори и два амандмани е од нивната стара зграда. Можеби во новата имаат дополнет и надграден.

*****

Од ЈП-то срочиле нешто кое нагалено го викаат демант па ќе им го објавиме во целост:

Одговор од уредникот:

Полека, полека. Никој не тврди дека ова ви е официјален правилник па да демантирате. Напишаното веројатно повеќе зборува за навиките на некои ваши вработени штом некој очајник решил вака детално да ги  обучува. Не би да навлегуваме подлабоко во тематиката, ок?

А да си го задржите „правото за преземање мерки пред надлежните судови“, слободно. Ако треба, за да ви тргне работата, ние после вас и вода ќе пуштиме (не онаа наведена во првото П.С. туку онаа кога се тргнува на школо). Ама пред надлежните судови можеби ќе треба да се соочите со сведок кој ќе ви каже кога и каде во вашата стара зграда е сликнато ова течно туторијалче. 

И само околу она „со цел да нанесе штета на ЈП водовод и канализација“.

Со кој памет зборувате за штета, вие кои удобно си ги сместивте вашите дебели водомери во нова зграда од милиони евра додека ВО СКОПЈЕ СÈ УШТЕ ПОСТОЈАТ 70 КИЛОМЕТРИ АЗБЕСТНИ И ПОЦИНКУВАНИ ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ КОИ ТРУЈАТ ЛУЃЕ????


Да ве потсетиме, стари цевки имате во:

- Козле
- Тафталиџе
- Шуто Оризари
- Бутел
- Ченто
- Маџари
- Лисиче
- 11 Октомври
- Драчево
- Влае

И таму се од после земјотресот. Ама затоа зградата ви е нова. 

Искрено, од вакви јавни претпријатија и нивни деманти во врска со угледот, да не знае човек дали попрво да му се отпие или да му се присере.

Трендо

21 март 2017 - 10:16