
Ставиле инфрацрвено светло во врвот на диригентската палка, инфрацрвени светла во гудалата на музичарите, ја покриле просторијата со инфрацрвени камери и снимале. Со помош на формулите на добитникот на Нобелова награда за математика Клајв Гренџер, истражувачки тим од Универзитетот во Мериленд ги проверувале хипотезите за интеракцијата меѓу движењата на диригентот и неговиот оркестар.
И да, ги води. Се разбира дека пред себе имаат исти ноти но неговите движења и команди битно влијаат врз изведбата.
И не само тоа: истиот професионален оркестар, на иста музика бил воден од различни диригенти: еднаш од искусен професионалец, еднаш од аматер.
Музичките експерти кои ги слушале двете снимки без да знаат која е која, едногласно за поквалитетна ја оцениле изведбата на маестрото.