Таг: оркестар

Кога музичарите се разбираат со очи

Музичката комуникација на сцена е од суштинска важност и може да направи разлика меѓу просечна и исклучителна изведба. Диригентот со очите и изразот на лицето дава назнаки, охрабрува но и опоменува, сето тоа затскриено од видикот на публиката. Членовите на оркестарот, пак, на овој начин меѓусебно се координираат. Нешта кои беше тешко да се постигнат додека се носеа маски, па веројатно тоа и беше една од причините зошто оркестрите паузираа.  

Оркестарски музичар доби судски процес за нарушен слух

Британската Кралска опера го загуби случајот откако член на оркестарот ја тужеше заради тоа што на проба на „Валкирите“ на Вагнер се здобил со трајни оштетувања на сетилото за слух.

Зошто оркестрите се штимаат на „ла“?

Во публиката уште има блага раздвиженост на луѓе што доцнат, се исклучуваат мобилните, се чувствува тензијата на нешто што се подготвува да почне. И потоа, продорен но топол звук на обоа, која му дава знак на целиот оркестар дека треба да почне да се штима.

Рок симфониски оркестар

Веројатно ако некогаш дојде денот кога последниот човек ќе ја затвори планетава и ќе се исели на друго место, оваа верзија на „Smells Like Teen Spirit“ ќе оди во позадина. Главниот вокал е 17-годишната Меккена Бреинхолт и е придружена од оркестар и хор од 110 луѓе.

Нека, не сметате, терајте си

Не знаеш на кого му е појако на музичарите што мислат дека публиката паѓа во транс по нив, или на песов што од нигде никаде доби аплауз од цел аудиториум. Него сериозно, не се устручавајте, продолжете...

Тетка се од хемотерапија делеше

Постара госпоѓа на зафрканција и кажува на својата внука дека по завршувањето на последната хемотерапија, би сакала пред болница да ја дочека оркестар. Внуката ова не го сфаќа на шала.

Оркестар со човечки лик

Соочени со закани за затворање на работни места и намалување на платите, членовите на славниот оркестар Метрополитен почнаа да го полнат својот сајт со занимливости и човечки приказни, обидувајќи се на тој начин да го привлечат вниманието на јавноста. Засега успеваат во тоа.

Дали диригентот е потребен?

Со помош на инфрацрвени зраци и комплицирани математички формули на еден Нобеловец, истражувачи испитувале дали диригентите навистина му е потребни на еден оркестар или само се топори сред сцена и мавта со раце.