Многу се мозгаше на темата дали и што претставуваат паѓачките карактери во Матрикс, веројатно најпрепознатливиот визуелен потпис од оваа филмска трилогија.
Дали е некоја убер сложена равенка која се уште не може да се декодира или пак се криптирани совети од некој космички мудрец како да ги извадиш последните зрнца нескафе од онаа терсене, со навнатре обод конзерва.
Ништо од тоа.
Дизајнерот на продукцијата вели дека кодот е создаден од измешани хирагана, катакана и канџи карактери од јапонската азбука кои се земени од рецепти за суши.
„Без суши, не постои Матриксот“, порачува Сајмон Витли, човекот кој го создаде иконичниот код во филмот.
Филмската историја е полна со слични подметнувања. Во Игра на троновите, на пример, во измислениот валиријански јазик е вметната една позната пцовка од Монти Пајтон.
Саат време кодот на Матрикс, ама да знаете, сушито нема да ви испадне баш за фалење.