Филм

Забранетиот документарец за Биби на пат за номинација за Оскар

„Документите за Биби“ кој објавува протечени снимки од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство како се испрашувани од израелската полиција како дел опширна полициска истрага влезе во последниот круг за номинација за Оскарите 2025.

Дизни се изнагуби пари од филмовите во 2023

Меѓу топ 5-те филмови што направиле најголема загуба во 2023, филмското студио на Дизни, кое изминативе години газеше на сите листи по профитабилност благодарејќи на Марвел франшизата, има четири.

Рајан Гослинг си го губи времето со филмови како Барби

Галамата околу оваа оценка на американскиот режисер не стивна ни кога Оливер Стон објасни дека му имаат извадено стара изјава која ја дал пред да излезе филмот. Попат Стон јако го запердаши и Џон Вик на Киану Ривс. А медиумите кои се гледаат како чувари на холивудските икони, оти па нема како да се опише Стон, го пишуваат како „апологетот на Путин.“ 

Колку пари имаа Мекалистер?

Пред традиционалното сезонско повторување на битката меѓу Кевин Мекалистер и двајцата провалници (познати како Мокрите бандити) Њујорк тајмс седнува да пресмета колку пари има семејството што со комбиња патуваше до аеродром за да лета до Париз за Нова година и живее во толкава куќетина.

Холивуд штрајкува, студијата инвестираат во вештачка интелигенција

Додека холивудските директори инсистираат на тоа дека „едноставно не е реално“ да им се плаќа повеќе на филмските работници - од кои 87 проценти заработуваат помалку од 26.000 долари годишно - тие истовремено раскошно трошат големи пари на програми за вештачка интелигенција.

Филмовите на Дизни почнаа да страдаат заради одлуките на Дизни?

На последните осум филмови, меѓу кои тешкаши како Чувари на галаксијата, Малата сирена и Лајтиар (од Тој стори), студиото Волт Дизни е во минус од 900 милиони долари.

Холивуд ја губи битката за Кина

Ако „меката моќ“ на Западот (музика, џинс и филмови) беше она што помогна да се сруши Советскиот сојуз во 1980-те, тогаш е малку веројатно дека Западот ќе може да се потпре на истото за битката против Кина.

Марвел ги чува новите заплети како нуклеарни кодови

Марвел имаат ненормални протоколи и безбедносни заштити во неколку нивоа за да спречат да излезе муабет за тоа што ќе има во новиот филм па да се расипе исчекувањето и да се изгубат милиони долари. На пример, ангажираните актери добиваат пас-код за посебен сајт. Но, тоа не е сајт на кој ќе можат да го прочитаат сценариото. 

Од каде им онолкава куќа во „Сам дома“?

Бадијалџиски фанови на филмскиот божиќен класик „Сам дома“ долго време мозгааат како може едно скромно семејство како Мекалистер да си дозволи не само онолку голема куќа туку и патување за Париз за 8 члена. Одговорот цело време да ни бил пред нос.  

Партизански филмови, некогаш дежурната забава за Денот на Републиката

На 29-ти ноември 1943-та одлучено е Југославија да биде уредена како република - укинати се правата на Петар II Караѓорѓевиќ - а на Јосип Броз му е доделена титулата маршал. Од таа република денес имаме: неколку поранешни републики, еден хит од „Забрањено пушење“ и еден куп партизански филмови без кои не можеше ни да се замисли еден ваков празник.

Режисерите на Марвел се „наемни работници“

Тоа што едно време флертуваше со идејата да режира еден од филмовите од „Ѕвездени патеки“ на никој начин не значи дека Тарантино воопшто помислува да припари до Марвел филмовите, напротив, како што вели, ок е вака.

Том рече, Круз порече

После првиот Топ Ган, Том Круз рече дека би било неодговорно да снима продолжетоци на тој филм, за младите да не помислат дека во реалноста е како на филм. Три децении подоцна, Том Круз сними - Топ Ган. Пентагон повторно великодушно дочека продолжение на еден филм кој минатиот пат им го зголеми бројот на регрути за 500%.

Во одбрана на Лијам Нисон

Прогресивноста дојде и до Лијам Нисон, односно неговата најпозната филмска кожа, како татко кој не застанува додека не ја спаси својата ќерка. Многу било насилно тоа и било застарено сфаќање на татковството и мажественоста. Новиот татко и маж веројатно би требало да ги убијат злотворите со досада. 

Филм од 100 милиони долари оди во фиока затоа што не може да се спаси

Ворнер брос неочекувано соопшти дека 100 милионскиот филм „Бетгирл“ никогаш нема да биде објавен и покрај тоа што снимањето е веќе завршено а материјалот се монтира.

Дизни тропна на вратата на Џони Деп?

За истата улога на пират што ја игра речиси дваесет години, Дизни е подготвен да му плати на Џони Деп над 300 милиони долари, откако претходно му порача да дека не треба веќе да се гледаат.

Дизни за проблематични ги оцени Ѕвончица и Капетан Кука

Разбуденоста на Дизни се чини дека нема крај. Во најновото листање на нивната видеотека со отворени и прогресивни очи, настрадаа  Ѕвончица и Капетан Кука за кои моралниот генералштаб на Дизни оцени дека се проблематични па во иднина ќе бидат придружени со предупредување за нивниот карактер.

Филмската кладба на Копола тешка 120 милиони долари

На свои 82 години, прочуениот филмски режисер Френсис Форд Копола ја прави следнава математика: според семејната историја, би можел да поживее уште 20 години. За да биде посигурна варијанта, нека се скрати тоа на половина. Значи 10 години. Сосема доволно за да го сними филмот кој го мечтае 40 години. 

Остварен сонот на сите тазе родители, уште повеќе „ду ду ду ду ду...“

Парамаунт соопшти дека во 2023 ќе објави целосен долгометражен цртан филм базиран на песната и Јутјуб видеото „Бејби шарк“.

Оскарите воведоа гласање од публика

Филмската академија одлучи на годинешните Оскари глобалната филмска публика на Твитер (позната по својата пристојност и почит) да може да гласа за победникот во две категории.

Холивуде, гаси светло

Бадијала е да се ситиме дека мечката заигра на нивна врата, но охридскиот рамковен договор жестоко го има зајавано Холивуд. Слушнете ја оваа инсајдерска приказна за тоа како разбуденоста ја убива филмската индустрија, за стравот, квотите и другите аспекти на Рамковен Холивуд, приказна во која многумина се плашат и да си го кажат името.

Во Кина „Боречки клуб“ доби многу поинаков крај

По 20 и кусур години филмот доби нова верзија и е наменета за кинеска публика, која излезе дека досега ја гледала погрешната, западна, верзија.

Филмска приказна за душата

Тогаш се палевме на гитарата со два врата на Брега, наместо на Мерцедесот за кој го осудивте Грујо, на тоа колку публика имало на „Ајдучка чешма“ , а не колку понудил за кауција Сашо, кај ќе чекаме ние Нова Година а не кај чекала Катица, ни беше важно што ќе донесат тато и мама во торбата од работа, а не колку има во Луј Витон торбата на Боки.

Алек Болдвин уби жена на снимање филм

42-годишна жена починала откако била застрелана од Алек Болдвин со оружје реквизит на снимањето на неговиот нов филм на ранч во Ново Мексико.

Џедаите се проблематични а на Икс Мен му фали инклузивност

Американски часопис за популарна наука го проблематизираше поимот Џедај и културното наследство на Стар Ворс. Од друга страна, Марвел има нова извршна која, заради инклузивност,  можеби ќе го смени името на Икс Мен.