Неспоредливо најголем зијан во 2023 на ниво на филмска индустрија доаѓа од филмот Марвелс, кој заврши со нето загуба од 237 милиони долари. За споредба претходникот на Марвелс, Капетан Марвел, донесе 1,1 милијарда долари на кино-благајните, делумно и затоа што ги поврзуваше приказните од последните два филма од Авенџерс. Само снимањето на филмот (без реклами и други трошоци) чинеше 270 милиони долари, а од сите извори на приходи донесе вкупно 218 милиони.
Единствената утка од топ 5-те што не е на Дизни пак се базира на суперхерој, само овој пат од Ворнер брос и Ди-Си комикс и ликот Флеш. Филмот донесе 250 милиони долари, ама снимањето и останатите расходи чинеа 405 милиони, создавајќи минус од 155 милиони долари.
Топ 3 ги затвора којзнае кое продолжение од Индијана Џонс, повторно со Харисон Форд, кое кон минусот на Дизни во 2023 придонесе со дополнителни 143 милиони долари. Ова е и најскап филм од сите утки годинава, за чие снимање беа платени 300 милиони долари.
На четврто место е цртаниот „Wish“ на Дизни кој направи минус од 131 милион, а на петто е „Haunted Mansion“ кој повеќе потсетуваше на скапа реклама за некој нов забавен парк на Дизни, кој заврши со негативна разлика меѓу приходи и расходи од 117 милиони долари.
Само од овие 4 филмови Дизни во 2023 е во минус од 628 милиони долари.