Подвигот во филмот ќе биде да се истегне 2 минути 16 секунди долгиот клип во долгометражен филм. Иако нема детали околу филмот се знае дека продуценти ќе бидат Николодеон и Пинкфонг (сопствениците на Јутјуб каналот).
Во меѓувреме беше објавено дека телевизиска анимирана серија „Baby Shark’s Big Show!“ базирана на видеото ќе добие и втора сезона.
Самиот клип Бејби шарк, стана првото Јутјуб видео што надминало 10 милијарди прегледи, оставајќи го зад себе второпласираниот „Деспасито“ со 7 милијарди прегледи помалку.