Од оваа пандемија нема никој загинато освен сиви мозочни клетки и волја за живот, ама не е ни најмалку наивна и главно таргетира ранливи категории од типот тазе татковци и мајки.
Светот денес се дели на две групи на луѓе: едни кои животот го минуваат во блажена изолираност и незнаење за „Бејби шарк“; и други, морни татковци и мајки со ПТСД, на кои веѓа почнува да им игра кога ќе го чујат сатанското „ду ду ду ду ду ду...“