Мало појаснување за овие првите: „Бејби шарк“ е песна за бебиња и деца, со магични способности (сериозно) која комплетно ги обзема горенаведените субјекти и чија моментално најраспространета верзија на Јутјуб има 4,5 милијарди (4.500.000.000) прегледи.
Околу овие прегледи треба да знаете две работи: прво, бројката е само на главната верзија, а ги има уште неброени верзии како дел од компилации, како миксови, на други јазици, со друга музика и.тн, кои имаат ожнеано уште неброени прегледи; второ, ниту еден од овие 4,5 милијарди прегледи не е пуштен од мерак и по сопствена волја, туку е само нечиј очаен обид да се дојде до каков-таков мир по дома (без разлика дали мирот следува по добиена рововска битка за јадење, заспивање или што и да треба).
Оваа верзија од 4 милијарди и 500 милиони прегледи за која што зборуваме е на јужнокорејскиот Јутјуб канал Pinkfong, на кого таа му носи сериозни пари само од прегледи, плус им носи прегледи на другите видеа, што пак носат пари. Тоа не значи дека песната е нивна, бидејќи таа не е ничие авторско дело и се води како дело во јавен домен, кое сите можат да го користат.
Во така поставени работи, пред некое време се појавува извесен американски музичар по име Џони Онли, кој тврди дека уште во 2011-та направил верзија на „Бејби шарк“ која е речиси идентична на оваа што денес заработува пари, па се наоружува со адвокати и покренува постапка против Пинкфонг. Онгли го сака истото тоа што го сака секој денешен музичар - да заработува пари од авторски права.
Од друга страна јужнокорејците тврдат дека нивната песна е базирана на популарна општопозната мелодија која тие само ја имаат адаптирано.
Спорот ќе треба да го разреши комисијата за авторски права во Сеул.
Ние се уште стоиме зад решението од насловот.