Серијата фотографии на Тимо Клос, чие име звучи фински но живее и работи во Германија, е насловена „Обележување на времето". На секоја од само петте фотографии има автобуска станица. Нема луѓе, ниту на станицата ниту во околината. Нема ниту автобуси, што престанува да биде чудно кога ќе сфатите дека ниту една од станиците всушност не е на функционална улица.
Со еден збор, тоа се лажни автобуски, нивни симулации. Конструирани во близина на старечки домови во Германија, овие станици не се транзитни, туку крајни. Жителите на домовите кои страдаат од деменција често пати бараат да одат некаде, да се вратат дома или да прошетаат. Болничарите ги носат до станицата, ги оставаат да поседат некое време, овие забораваат зошто воопшто дошле таму, и си се враќаат во соба. Тоа им доаѓа како некаков излет и дружење со останатите кои исто така го чекаат автобусот кој никогаш нема да дојде.