Коментатор-поет

А ко сам онда ја?

Додека ние бевме зафатени наоѓајќи им јазични и стилски маани на нашите коментатори, во соседството се случувале епски изливи на креативност.

За Александар Стојановиќ ни велат дека бил легендарен спортски коментатор на јавниот РТС сервис, познат под уметничкото име „Аца Енглез". Демек пред секој позначаен меч кој го пренесувал подготвувал посебен филозофски вовед, со елаборирана драматургија, која треба да ја подигне атмосферата. Еве што смислил на почетокот на финалната утакмица на Европското првенство. Сега веќе не мора да ни раскажуваат, дефинитивно и за нас тој е легенда.

2 јули 2012 - 15:51