За време на Втората светска војна, илјадници Јапонци волонтираа да бидат камиказе, пилоти на авиони кои самоубиствено се удираа во непријателските бродови во име на својот цар.
Тешко е бројките да се потврдат, но се претпоставува дека меѓу три и четири илјади јапонски пилоти имаат загинато кога со своите авиони се урнисувале врз непријателските цели. Притоа, со многу слаб скор: им биле успешни само околу 10% од мисиите и во цела војна успеале да потопат 50-тина бродови на сојузниците.
70 години подоцна, Би-би-си решава да чуе што денес младите во Јапонија мислат за таа историска епизода.
Ирационално, глупаво или херојски се трите одговори на кои наидуваат при што последниов им е чуден дури и на другарите на оној што така ги оценил камиказе пилотите.
Децении после Втората светска војна, мислењата околу овие пилоти остануваат поделени, делумно и заради тоа што темата честопати биле алатка во политичката борба. За време на принудната управа над Јапонија, нивната улога систематски е понижувана како лудило но откако сојузниците се пакуваат од таму во 1952 година, јапонските националисти во неколку наврати се обидуваат да ги рехабилитираат камиказе пилотите и да ги ребрендираат како херои.
Не со многу успех ако се суди по едно скорешно истражување по кое, во светски рамки, Јапонците се најмалку спремни да се борат и да гинат за својата земја. Само 11% од нив.
Пакистан: 89%
Индија: 75%
Турција: 73%
Кина: 71%
Русија: 59%
САД: 44%
Веика Британија: 27%
Јапонија: 11%
„Околу 70% од нас едвај чекаа да се жртвуваат за царот, останатите можеби се прашуваа зошто мора така да завршат“, вели денес еден 94 годишен камиказе пилот кој преживеал затоа што додека му дошол редот за во мисија, војната веќе била завршена.