Таг: јапонија

Уникатни фотографии во Париз меѓу највисокиот и најнискиот кошаркар

Виктор Вембанјама е висок 222 сантиметри, а Јуки Тогаши 167 сантриметри. Најнормално е да помислите дека некој си играл во монтажа, ако не ги знаете фактите за овие двајца.

Токио нуди тура низ градските тоалети инспирирани од новиот филм на Вендерс

„Совршени денови“, најновиот филм на Вендерс кој зборува за чистач на јавни ВЦ-иња (работа која не изгледа воопшто лошо кога тоа се прави во Јапонија), инспирираше туристички тури низ населбата Шибуја токму низ овие мали архитектонски градби со посебен шмек.

Јапонското рибарење со корморани

„Укаи“ е традиционален рибарски метод кој, слично како и некогаш во наш Дојран, користи обучени корморани за фаќање слатководни риби. Во Јапонија ова се практикува над 1300 години, посебно на реката Нагарагава, каде официјален патрон на рибарите е самиот цар. 

Јапонија е закон

Јапонија има закон за пакување според кој сликите на пакувањето на најразлични прехранбени производи мора да бидат со големината на производот што е спакуван во нив.

Јапонските конкубини на лицето ставале измет од славејче (а изгледа треба и ние)

Угуису е вид птица која има силна симболика во јапонскиот фолклор. Но освен митолошко, таа има и многу практично значење - од нејзините „брбушки“ се правел, а и сè уште се прави, одлична маска за лице, која ја користеле гејшите за белење на лицето и генерално разубавување. Денес истото наводно го прават и некои славни личности.

„Море од дрвја“ - приказната за шумата на самоубијците во Јапонија

Северозападно од планината Фуџи се наоѓа Аокигахара, шума која е толку густа што е позната како „море од дрвја“. Голем број посетители го бираат ова место како нивна последна дестинација. Тука се одвива и дејството на истоимениот филм со Метју Мекконахи, во режија на Гас Ван Сант.

Канамара Мацури: јапонскиот фестивал на пенисот

Секоја пролет, во првиот ден недела од април, илјадници локалци и туристи се собираат во Кавасаки за да го прослават принципот на плодност, инкарниран во машкиот полов орган. 

Најстариот хотел на светот, отворен во 705-та година

Се наоѓа во планините на јапонскиот регион Јаманаши, и работи цели 1300 години, пет пати подолго отколку што на пример постојат Соединетите Американски Држави.

Она-Бугејша: бестрашните жени-самураи

Mногу пред Западот да почне да ги прикажува јапонските воини исклучиво како мажи, постоела импресивна група жени-самураи познати како „Она-бугејша“, што во буквален превод значи женски воен уметник.

Кога во 19 век НЛО слетало во Јапонија

Како што во вестите сè почесто се слуша за различни необични вселенски објекти кои прелетуваат над глобалното небо, така искрснуваат и интересни приказни за исти такви виденија од минатото. Ова е дури од 1803-тата.

А зошто сите старци во Јапонија да не се самоубијат?

Предлогот доаѓа од професор на Јеил со јапонско потекло според кого масовното сепуку на возрасното население ќе ги реши сите проблеми со се постарата популација на земјата. И човекот стана ѕвезда во Јапонија за тоа што го кажа.

Словенката која во 1920-тите сама го пропатувала светот

Целосното име ѝ било Алма Ида Вилибалде Максимилијана Карлин. Зборувала девет јазици, и во време кога тоа воопшто не било вообичаено, одлучила да тргне сама на пат, на кој поминала цели осум години и ги посетила речиси сите континенти. 

„Пластика“: јапонски балет со рециклирани шишиња

Нова продукција на познатата јапонска балетска трупа К-Балет, чија цел е да привлече внимание кон глобалното загадување, преку интересна сценографија и дизајн на костими.

Јапонците се најдобредојдени во светот

Црвениот јапонскиот пасош е највреден пасош на светот, ама на Јапонците како да не им е многу до патување. Само 20% од населението поседува ваков документ, а 35% од Јапонците изјавиле дека немаат намера да патуваат во странство. Црвениот македонски пасош е 44-ти на листата.  

Јапонија субвенционира иселување од Токио

Милион јени по дете за секое семејство што ќе го напушти Токио е дел од планот на јапонската влада за спас на остатокот од земјата од демографскиот крах кој е во тек.

Традиционалната јапонска игра со поезија испишана на карти што се игра за Нова година

Две купчиња карти од по педесет. Еден од играчите врти карта од првото и чита стихови на глас. Останатите треба што побрзо да се сетат на тоа како завршува песната и да ја најдат картата со соодветните стихови во второто купче. Победникот е оној што ем знае најмногу антологиски петстишја, ем е брз во рацете. Нешто вакво со македонска поезија? 

До каде одат благодарностите за јапонскиот успех во Катар

Тоа е друг систем, уникатен, со поинаква култура и менталитет. Никој не може сo нив. Кај нас кој знае кај би завршиле овие пари. По софри.

Уринирајте со елеганција: нова изложба на пресмешни преводи

Рачно испишано предупредување во пиљара да не се „дупчат праските“. Фино отпечатен знак над писоар кој повикува да се „уринира со прецизност и елеганција“. Ова се примери на превод од јапонски на англиски на пораки испишани во јавен простор, кои до сега беа предмет на сеир на остатокот од светот. Но и Јапонците знаат како да вратат.

Прекрасен пречек на аеродром за јунаците кои ги срушија Германија и Шпанија

Јапонија се врати дома после одлично завршена работа во Катар каде беа хит со сензационалните резултати кои ги остварија над двата поранешните светски шампиони. Навивачите им прередија топол пречек.

Супермаркет во Јапонија после победата над Германија

Јунаците кои ја победија Германија, кои ја победија Шпанија и кои по кој знае кој пат на светот му одржаа час по култура, од играчи, селектор па до навивачи. Погледнете што направиле во еден јапонски супермаркет после триумфот над Германија. Да му е глупо на човек да земе од зајрето да не им ги растури знамињата.

Пораки од длабокото

Не е никаква метафизика, туку станува збор за вистински поштенски сандачиња поставени на дното на морето во залив во Јапонија. Зошто? За да се помачиш да пратиш неколку рачно напишани редови на оние кои нешто ти значат, со малку повеќе напор од еден „клик“.

Славјето на Корејците од соблекувална до хотел

Иако делуваше невозмошно Корејците да ја совладаат Португалија за да одат во осминафинале, сепак на овој Мундијал гледаме дека нема ништо невозможно. Погледнете ги овие радосни лица на играчите, навивачите, па сè до куварите на селекцијата на Јужна Кореја.

ФИФА објасни зошто голот на Јапонија е регуларен

После сите дилеми и сомнежи, сензацијата на Јапонија над Шпанија е целосно чиста и регуларна. ФИФА се изјасни со соопштение, поткрепено со видео и фотографии.

Милиметарот кој и заврши голема работа на Јапонија

Тешка драмолетка се случи синоќа во Е групата во која во еден момент, освен Јапонија и Костарика имаше резултат за пласман во нокаут фаза. Голот на Јапонците крена бура од реакции во цел свет. И со право. Требаше да ја покажат ВАР снимката во пренос.