1300 години старата техника на рибарење во Јапонија се уште ја одржуваат речни рибари кои за оваа цел користат долги дрвени кајчиња. Секој од нив раководи со десетина птици-корморани кои пливаат паралелно со кајчето и се нуркаат под водата за да ги фатат рибите со тоа што ги голтат цели.
На почетокот од секој лов рибите најпрвин се истеруваат со фрлање запалени кошници од кајчињата. Откако кормораните ќе г офатат, тие го складираат уловот во посебна „торба“ во грлото, кој потоа се вади од страна на рибарите. За птицата да не ја голтне околу вратот се вржува јаженце.
Денес „укаите“ или рибарите со корморани се главно туристичка атракција. Се нудат посебни тури со кајчиња кои им овозможуваат на туристите да го следат целиот процес одблизу. Кај нас мандрите можеме да ги гледаме само на стари фотографии.