75 проценти од фотографиите на убави и сјајни производи на ИКЕА се компјутерски генерирани слики. Не се сликаат вистински производи туку се изготвуваат убави компјутерски 3Д модели кои потоа лесно се комбинираат, открива CGSociety.
Првичната цел не била да се добијат поубави фотографии туку да се заштедат пари кои се давале на транспорт на прототип на мебел по светов за да биде фотографиран.
Првата столица била компјутерски изработена во 2006-та, а четири години подоцна била компонирана и првата комплетна соба. Наведениот процент се однесува на поединечните парчиња од менито на ИКЕА.
Компанијата на сервери има преку 25.000 дигитални фотографии со висока резолуција со кои може да се добие каква сакаат текстура на штофот на мебелот.
Сепак, она што го има во каталог на Икеа главно се фотографира во нивното студио во Алхмут, Шведска.