- Пелин Коч е страствена навивачка на Галатасарај, а љубовта кон клубот ја носи од семејството, особено од својот чичко, кој 25 години работел како тренер во академијата на турскиот гигант.
- Но, од летово почна да работи во Кавадарци, како директор за комуникации во ФК Тиквеш, каде влезе Осман Таш, инвеститор со турско потекло кој постави сопствена раководна структура во клубот, со цел да внесе европски стандарди.
- Коч е спортска новинарка со повеќе од една деценија искуство. Но решила да направи пресврт и да тргне по поинаков пат, па ја прифатила понудата од новиот сопственик на Тиквеш.
- Фудбалскиот судија Хавиер Ортега (48) бил убиен на терен за време на аматерски натпревар одигран во Пасахе, Еквадор.
- Играчите и навивачите вриштеле и барале да се засолнат, а судијата починал на лице место.
- Вооружените лица веднаш избегале и сè уште се на слобода.
- Во декември лани, еквадорскиот репрезентативец Марио Пинеда беше убиен во пукотница, а неговата мајка ранета додека излегувала од месарница во населбата Саманес во Гвајакил. Двајца осомничени мажи беа уапсени.
- Некогашниот легендарен германски голман кој стана симбол на Баерн Минхен, Оливер Кан изразил свое мислење по повод Мундијалот кој летово ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.
- „Во САД сега се случуваат многу нешта кои веќе не одговараат на нашите вредности. Еден од примерите е војната (во Иран). Но јас не сакам да прелистам што се Доналд Трамп направи од моментот кога се врати на претседателската функција. Сега невозможно е да се отиде таму во добро расположение“, рекол Оливер Кан.
- Како да подзаборавил дека и Германија е во воен блок и дава воена помош на други држави.