Нова ѕверска партија на Виктор Вембанјама

Виктор Вембанјама уште еднаш покажа дека во моментов е играч во најдобра форма во НБА лигата. Во триумфот на Сан Антонио Спарс над Њу Орлеанс Пеликанс 114:91 францускиот репрезентативец даде скоро половина од поените на тимот од Тексас.

Виктор Вембанјама уфрли 50 поени, 19 скока, имаше 5 блокади и 4 украдени топки. Само во првиот дел до полувремето имаше 32 поени и 13 скока!

Сан Антонио Спарс на тој начин стигна до 14-та победа на последните 15 средби и сега со учинок 14-3 се израмнија со ЛА Лејкерс на чело на табелата на Западот. Досега во победничката серија забележија само еден пораз и тоа оној од Детроит Пистонс.

Интересно Виктор Вембанјама само 2 поени го делеа од рекордот на кариерата, поставен токму месецов против Далас Маверикс. Стефен Касл додаде 19 поени и 6 асистенции за Спарс.

Треба да се напомене дека Њу Орлеанс Пеликанс играа без Зајон Вилијамсон, Треј Марфи и Бенедикт Матурин. Кај нив најефикасни беа Фирс со 29 поени, Пул со 25 поени.

22 ноември 2026 - 09:30