Кејн се повреди на синоќешниот меч против Келн, кој заврши 1:1 и се држеше за левиот глужд по еден дуел со дефанзивецот Жоел Шмид. Во 20 минута излезе од игра, а на негово место влезе Том Бишоф.
По натпреварот, Компани изјави за медиумите дека Кејн ќе биде надвор од терените некое време. Според медицинскиот тим на Баерн Минхен, Кејн нема повторно да заигра до крајот на 2026.
Се очекува англискиот капитен да пропушти околу 11 до 12 натпревари во Бундеслигата, осминафиналето од Купот на Германија против Херта Берлин, како и четири натпревари во Лигата на шампионите. Првичните прогнози велат дека ќе се врати дури кон крајот на март.
За бељата да биде поголема и Мајкл Олисе ќе мора да направи дополнителни прегледи поради тоа што го нагмечил стапалото и мораше да биде заменет на полувремето.
Кејн им се придружува на Алфонсо Дејвис (повреда на задната ложа), Луис Дијаз (мускулна повреда), Серж Гнабри (повреда на задната ложа), Мануел Нојер (повреда на стапалото) и Исмаел Саибари (повреда на глуждот), кои исто така се отсутни.
„Ова е специфична ситуација“, прокоментира Компани, кој и самиот се врати на клупата против Келн по едномесечно отсуство поради болест.