Бараж во Лига на Нации

Македонија го дозна противникот во бараж во Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација го доби ривалот во баражот од Лига на нации со кого во март следната 2027-ма година ќе игра за опстанок во Б-лигата од Лига на нации. Во Нион на Македонија ѝ падна Кипар против кој ќе игра два натпревари - по еден на домашен и на гостински терен без дополнителна рунда доигрување.

Стандардните и веќе легендарни водители на сите ждрепки на УЕФА, Педро Пинто и генералниот секретар на УЕФА Џорџо Маркети денес заедно со неколку гости, ги извлекоа паровите за ждрепката за опстанок и промоција во разни дивизии од Лига на Нации.

Португалскиот фудбалер Адриан Силва кој го освои Европското првенство 2016-та ја влечеше ждрепката во Нион и ги извлече следните парови:

КИПАР - МАКЕДОНИЈА
ФАРСКИ ОСТРОВИ - ГРУЗИЈА
ЕСТОНИЈА - РОМАНИЈА
БЕЛОРУСИЈА - ИЗРАЕЛ

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - ДАНСКА
УНГАРИЈА - СРБИЈА
РЕПУБЛИКА ИРСКА - ХРВАТСКА
СЛОВЕНИЈА - ВЕЛС

Извлечени се и паровите за четвртфинале:

ШПАНИЈА - ФРАНЦИЈА
НОРВЕШКА - АНГЛИЈА
ХОЛАНДИЈА - ПОРТУГАЛИЈА
БЕЛГИЈА - ГЕРМАНИЈА

Првите натпревари во баражот за опстанок во Б-лигата ќе се одиграат од 25-ти до 30-ти март (првите натпревари од 25 до 27-ми март а реваншите од 28-ми до 30-ти март).

Кипар во последното издание на Лига на нации кое штотуку заврши во групна фаза заврши втор со 8 бода во група со Црна Гора која беше прва со 12 бода. Трета таму беше Ерменија со 6 бода а Латвија заврши со само 2 ода.

Кипраните ги победија дома Ерменија (2-0) и Латвија (2-1), одиграа нерешено на гости Ерменија (1-1) и со Латвија (0-0), а изгубија два пати од Црна Гора на гости (2-1) и дома (1-4).

20 ноември 2026 - 12:00