Ракомет

Вардар со поезија на Ацо Шопов им кажа благодарам на навивачите

„Нашата најголема сила. Ви благодариме за прекрасната атмосфера. Заедно во пораз и победа. Благодарност до „Aco Šopov Poesis“ за отстапениот материјал и за поддршката. Од Вруток до уток”, стои во објавата на црвено црните.

Последната минута од драмата во Јане

Ракометарите на Вардар имаа големи шанси за реми, па и за победа против Нант во 2. коло од ЛШ. Но еден од најдобрите поединци на мечот, Јака Малус промаши два зицери во последната минута. Првиот за водство, а вториот за нерешено. Гостите преку седмерец го решија мечот.

Нант се снајде во пеколната атмосфера и го совлада Вардар

Ракометарите на Вардар во драматична завршница го запишаа и вториот пораз сезонава во Лига на шампиони, откако вечерва подобар од нив беше француски Нант со 32-33.

ЕХФ потсеќа на шампионските денови на Вардар, Скопје е спремно!

„Вардар се врати и Скопје е подготвено да ја потсети Европа како е во македонскиот пекол. Нант влегува во една од најгласните сали во Лигата на шампионите. Добредојдовте назад во Скопје“, стои во објавата на ЕХФ.

Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус

Македонскиот суперлигаш се пофали со нов играч во својот табор, а тоа е брендиран и модерен автобус на кој е испишано „само еден тим, само еден град“. Веројатно ќе го сефтосаат на 19 септември кога го играат првиот меч од новата сезона против Струга на гости. Ќе играат и во Лига Европа.

Парондо подобар од Чупиќ

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

Наскоро почнува нова Лига на шампиони во нов формат, Вардар пак ќе полни сали

Ракометната Лига на шампиони кај дамите започнува утре, на 10-ти септември, а мажите почнуваат на 9-ти септември кога ќе свирне свирчето за старт на новата сезона. Во нов формат.

Илија Абутовиќ: „Си ја сакам Македонија, ракометна земја со најсилна лига на Балканот“

Легендарниот српски ракометар цели 9 сезони помина во Македонија. Играше за РК Вардар 1961 во најславните денови во Лига на шампиони и за Еурофарм Пелистер, двата најголеми ривали а никогаш не бил омразен од навивачите. Напротив многу почитуван за неговата борбеност, фер плеј и прав спортски дух.

Факти си се факти

„Не можат да ми го оспорат тоа што сум го дал за Македонија“, вели селекторот на Македонија, Кире Лазаров во интервју за Балкан хендбол.

Македонија, Србија и Словенија и официјално кандидати за Европско во ракомет!

По најавата на првиот човек на српскиот ракомет Божидар Ѓурковиќ, сега потврда стига и од претседателот на македонската ракометна федерација Александар Стефанов. Македонија, Србија и Словенија официјално поднеле кандидатура за домаќинство на ЕХФ ЕУРО 2034.

Познат распоредот на РК Вардар 1961 во Лига на шампиони

Македонскиот шампион и освојувач на Купот РК Вардар 1961 денес го дозна обновениот распоред со термини за настапите во елитната Лига на шампиони. Црвено-црните како двократен европски шампион се враќаат во најдоброто друштво и отвораат на 10-ти септември со гостински дуел кај германски Мелсунген.

Вардарци ги избегнаа гигантите во Лига на шампиони

Во седиштето во Виена, ЕХФ ги извлече групите за новата сезона од Лигата на шампионите каде се враќа и нашиот првак Вардар.

И официјално: РК Вардар 1961 ќе игра во Лига на шампиони!

Утрово од седиштето на ЕХФ е потврдена веста дека македонскиот шампион РК Вардар 1961 сигурно ќе биде учесник во новата сезона 2026/2027 од елитната Лига на шампиони. Двократниот европски првак се враќа каде што му е место - меѓу најдобрите во Европа.

ЕХФ: Добро утро од Охрид, новиот шампион на Европскиот куп

До доцна во ноќта во Охрид се славеше првиот европски трофеј во историјата на клубот и на овој град. Ракометарите по втор пат го победија унгарскиот тим Татабања и заслужено со 11 европски триумфи стигнаа до пехарот. ЕХФ на своите профили на друштвените мрежи објави:

Историска вечер во Охрид, прва европска титула крај езерото!

Ракометарите на Охрид се нови шампиони во ЕХФ Европскиот Куп откако и вечерва во реваншот во Охрид ја совладаа унгарска Татабања 31-25! Пред преполни трибини, пред повеќе од 4.000 гледачи Охриѓани одиграа во транс од прва до последна секунда. Јунак Јапонецот Јасухира со 9 гола.

„We are the champions“ ечеше во Јане Сандански

По пауза од три години, РК Вардар го крена првенствениот пехар, број 17 во нивната историја. Во последното коло, во доста ефикасен натпревар се помачи против Бутел кој го доби со 36:34.

Голот на Ѓукиќ за триумф на охриѓани среде Унгарија

Охрид одигра јуначко финале на гостувањето против Татабања која ја совлада со 28:29 со голот на Дарко Ѓукиќ во последниот напад од средбата. Во еден момент имаа и +7. Ѓукиќ и Ивановиќ фантастачни со по по 7 гола, исто и Пилиповиќ со 12 одбрани. На спротивната страна Талески постигна 2 гола. Судиите имаа сомнителен критериум и доделија дури 10 исклучувања за македонскиот тим.

Цепелинот во режија на Кастратовиќ - Будимир по кој еруптираше вулканот Кале

Историјата за македонскиот ракомет беше испишана на 19 мај 2002. Денот кога Македонија доби европски првак во името на Кометал Ѓорче Петров. Во реваншот падна Херц Ференцварош со 26-22, после поразот таму од два гола разлика. Крцаше легендарната Кале, но и плоштадот во Скопје. Точка на мечот стави Андријана Будимир на незаборавен начин, со цепелин на асистенција на Индира Кастратовиќ. Да се потсетиме на финишот од легендарното финале. Зоки заборави да земе воздух.

Кире Лазаров стана селектор рекордер

Македонската ракометна репрезентација ја растури Словачка во баражот за Светско. На гости со +7, дома +15. Кире ита напред со момците. „Мислам дека играчите растат во нашата лига. Презадоволен сум од пристапот“.

Србија изгина во Веспрем за пласман на Светско, Словенија појака од Црна Гора

Словенија по тeсниот триумф минатата недела во Подгорица 28-29, синоќа пак тешко извојува нова победа над Црна Гора 31-29 (17-14) и обезбеди пласман на Светско првенство. Најтешка задача имаше Србија која играше против силната Унгарија и со селекторот Раул Гонзалес успеа да слави во двомечот.

Групите се влечат во јуни, против кого може Македонија на СП 2027?

Ракометната селекција на Македонија успешно го заврши баражот за Светско првенство. На десеттото мундијалско учество македонските ракометари се пласираа по нов триумф над Словачка, откако во Скопје славеа убедливо 38-23. Сега со нетрпение ги очекуваат групите.

Македонија прослави уште еден голем пласман на Светско првенство!

Пред преполна сала во СЦ „Борис Трајковски“ најдобрите македонски ракометари ја совладаа Словачка убедливо 38:23 и после триумфот на гостински терен минатата недела, се пласираа на нов Мундијал 2027.

Македонија е блиску до нов Мундијал, совладана е Словачка на гости

Македонската ракометна репрезентација славеше во Прешов со 31-24 и се наоѓа на чекор до пласман број 10 на Светските првенства.

Еурофарм Пелистер: Изборот падна на олимписки и светски првак, хрватскиот тренерски маг

Големиот Лино Червар прави кам бек во Македонија. Местото каде направи револуција со проектот Металург, потоа ја водеше репрезентацијата и произведе млад кадар. Овој пат доби задача во Еурофарм Пелистер каде се обврза на двегодишен договор. Битолчани со гордост го најавија.