Во 2. коло од групната фаза во Лига на шампиони, Вардар вечерва од 18:45 игра против француски Нант во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Црвено-црните во првото коло изгубија минимално од германскиот фаворит Мелсунген и сега се надеваат дека заедно со своите навивачи ќе можат до првите бодови во Лига на шампиони каде се враќаат после четири години.
ЕХФ на друштвените мрежи му посака добродојде на РК Вардар 1961:
„Вардар се врати и Скопје е подготвено да ја потсети Европа како е во македонскиот пекол. Нант влегува во една од најгласните сали во Лигата на шампионите. Добредојдовте назад во Скопје“, стои во објавата.