Вардарци ги избегнаа гигантите во Лига на шампиони

Во седиштето во Виена, ЕХФ ги извлече групите за новата сезона од Лигата на шампионите каде се враќа и нашиот првак Вардар.

„Црвено црните“ се најдоа во групата Б, каде за противници ги добија Нант (Франција), Мелсунген (Германија) и Висла Плок (Полска).

Новата сезона ќе донесе промени во натпреварувачкиот систем. Наместо досегашните две групи, екипите ќе бидат распределени во шест со по четири клуба.

Првопласираните двете екипи одат понатаму, а третиот и четвртиот продолжуваат во Лига Европа.

Стартот на новата сезона во ЛШ е закажан за септември.

26 јуни 2026 - 12:27