Од вас куклите, ние курвите не можеме на ред да дојдеме

Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни - живи - трудбенички. А поскапа е. 

Виенскиот бордел е во процес на набавка на втора секс кукла откако првата и сè уште активна „Фрау Фани“ се покажала толку посакувана што - и да сака - не може да ги исполни сите резервации за неа. Колешката на Фани ќе биде набавена по цена од околу 10.000 долари но искуството на менаџментот вели дека вреди да се дадат тие пари.

Фани е најбараната „жена“ во нивниот каталог и дружењето со неа чини 80 евра на час, што е повеќе од тарифата на другите, аналогни проститутки. 

Ако требаат тизер детали: плава е, младолика и секси, има огромни гради и тежи 38 килограми.

Сопствениците на борделот Контакхоф велат дека во нејзината популарност нема многу мистерии и се сведува на ултимативната машка фантазија: да ги исполнува сите желби а лесно да се исклучува.

Бонус, гипка е и гиздава па ѝ одговараат сите пози.
Екстра бонус: клиентот добива гаранција дека е дезинфицирана од претходната сеанса.
"И тоа не е сè“ бонус: во случај на неуспех, не оговара со колешките.

За да биде докрај транспарентен, еден од газдите вели дека иако нарачал втора кукла, не е тоа за него. Ја пробал Фани ама не му правела мерак.

За психологот Герти Сенгер кој е прв човек на австриска организација за сексуални истражувања, популарноста на Фани е шокантна и говори за еден загрижувачки тренд кој тој го опишува како „тенденција кон реален аутизам“.

****

Види и:

Како да имаш тројка, а да не те мрази жена ти

7 години затвор за поседување кукла што личи малолетно

23 август 2017 - 09:30