Човеков истражувал за документарец и нешто „случајно“ се нашол на некој поврзан форум со 50.000 корисници и се навлекол. Првата кукла што ја купил била уствари селебрити кукла – Бјанка, куклата што се појавува покрај Рајан Гослинг во филмот Lars and the Real Girl во 2007-ма, и чинела 5400 фунти.
И си седел некогаш со Бјанка, како што кажува, и забележал дека Бјанка сексуално го возбудува. Многу вистинска му се видела. И како што би направил и секој нормален човек што го познаваме, веднаш се упатил во Калифорнија да ѝ обезбеди на Бјанка „операција“ за да му биде боље друштво. Операцијата во случајов е додавање гениталии на куклата за да може да служи и како секс-кукла. На враќање дома ѝ купил и долна облека.
„Сфатив дека ќе имам секс со Бјанка – бев љубопитен.“ А чувствувал и притисок, затоа што сите (кои се тие сите, но добро), сакале да знаат како е со славна кукла.
Во еден момент, Дејвид доаѓа до колекција од 14 кукли, сите со име, и ги чува во подрум. А за да биде неговиот дом уште поатрактивен за семеен ручек, има и реплика на порно-ѕвездата Џесика Дрејк, комплет со сите атрибути.
Има јапонска кукла на која што и се менуваат главите, руска кукла со греачи на гениталиите и еден елф. Џесика дури има и дупка во главата за орално задоволување.
Новите генерации секс-роботи можат да сменат 50 пози, да лажираат оргазам и да се нишаат напред-назад.
За чудо, Дејвид немал многу среќа да најде жена што нема да избега со вриштење штом ќе и го покаже подрумот. Не сфатил дека публицитетот од документарецот ќе му го уништи љубовниот живот. И тогаш доаѓа Шона.
Ја запознал преку сестра ѝ решил уште истата вечер да ѝ ги покаже, па ако веќе му бега, ич да не губат време. Не само што не му избегала, туку ѝ дошло интересно, па се вселила кај него недела дена подоцна, па сега се среќен пар и имаат дадено преку 30.000 фунти за кукли (од кои една машка).
Дејвид се секира дека тројка со вистински луѓе би барала премногу емоции, а тоа ги преминува неговите граници. Па затоа ги користат куклите за да си ги исполнат фантазиите. „Безбедно е, без изневерување.“
„Многу ми се допаднаа“, вели Шона за првиот пат кога Дејвид ја однел да ѝ ги покаже. „Како џиновски Барбики се. Првиот пат кога ги однесовме во кревет беше многу возбудливо.“
Моментално проблем им е што не им собира две во кревет, затоа што креветот не е за четворица. Па понекогаш им се случува да остават една да ги гледа.
А за роденденот на Шона, во 2014-та, Дејвид и купил силиконска машка кукла со име Тери – со три различни величини на пениси за заштрафување. „Повеќе би сакал да ја гледам со силиконски партнер отколку со вистински“, мудро ги објаснува Дејвид своите приоритети.
А вас накит ви купуваат за роденден.
Некои од куклите, како Бјанка на пример, одат со нив и на прошетки. Дејвид си ги носи и кога патува на подолго, а Шона не може да дојде со него. И покрај дерогативните стереотипи за луѓето што користат секс-кукли, неговите две деца го прифатиле неговото хоби.
„Си доаѓаат на гости со моите внуци, кои се доволно мали да ги гледаат само како кукли. Пристојно се облечени.“
Додава и дека се радува на развојот на технологијата во индустријата за секс-роботи и смета дека ќе направат револуција во сексуалниот живот на луѓето. “Некои веќе реагираат на допир и имаат моторни функции, а некои дури и трепкаат,“ завршува воодушевено тој.
А вие што имате во подрум?