Зошто јадењето месо во Америка е како да се храниш во аптека

Во американски кокошки обележани со етикетата „100% природно“ најдени се антибиотиците хлоранфеникал и амоксициклин, стероиди, хормони, против-воспалителни лекарства па и кетамин, кој знае да има и халуциногени ефекти. Ќути, овие немале прозак (лек против депресија), оти на пазарот има и такви. Американците главно не се свесни дека и она што кај нив е дозволено, во нормални земји е забрането.

Њујорк тајмс извести за една студија по која скоро сите пилиња кои можат да се најдат на пазарот содржат тиленол, една третина имаат антихистаминици а примероци увезени од Кина имаат дури и Прозак.

федералната агенција за храна и лекови има фатено производители како директно во јајцата  вбризгуваат антибиотици, меѓу нив и опасниот гентамицин.

Повеќето големи фармацевтски компании во САД имаат свои одделни лукративни оддели за животинска фармација, но, тие некако се провлекуваат под радарот на вниманието на медиумите и ретко се пишува за нив.

Заради тоа, повеќето Американци не се свесни дека освен што во месото кое го јадат има забранети супстанци, дури и оние кои таму се дозволени се забранети во нормални земји. На пример рактопаминот, контроверзниот лек кој помага во растот на животните а е налик на лекови за астма е забрането во Кна, во ЕУ и уште во 100 други земји. Во САД е дозволен. Слично е и со јаглерод моноксидот кој служи телешкото да има свежа црвена боја без разлика колку долго стоело на тезга или со астаксантинот и кантаксантинот со кој се постигнува посакуваната розева боја на лососот.

ЕУ со години го бојкотира американското говедско месо растено со синтетички хормони (зеранол, тренболен ацетат, меленгестрол) за кои несомнено е утврдено дека го зголемуваат ризикот од рак на дојка и на простата. Традиционално се бојкотира и пилешкото, меѓу другото и поради купката од хлор во кој се потопуваат пилињата (која сама по себе не мора да е штетна но говори дека не им се обрнува многу внимание на другите хигиенски услови па му се верува на растворот дека „ќе убие сè што не треба“).

Инаку, сè присутните антиобиотици на животните не им се даваат зашто се болежливи туку затоа што помагаат да се оствари влажниот сон на секој производител, како со најмалку храна да се добие максимална тежина на животното.

Сè на сè, американските производители на месо легално имаат на располагање вкупно 450 лекарства за животни во безброј комбинации а очигледно и тоа им е малку па користат и нелегални.

****

Види и:

Пилето ми р'жи рано насабајле

Затворена кокошка пасиште сонува

9 јули 2017 - 13:19