Ланското лето, тројца поранешни припадници на Фракцијата на црвената армија на паркингот на еден германски супермаркет во Бремен се обидоа да му направат заседа на оклопно комбе за превоз на пари. Откако го блокираа возилото со нивно комбе, тие распалија од автоматско оружје и рачен ракетен фрлач. Проблемот беше што оружјето и муницијата беа премногу стари за засилениот и апдејтуван оклоп на возилото.
Иако обезбедувањето не може да викне засилување заради блокирање на сигналот, напаѓачите по кратко време сфаќаат дека не можат да влезат во возилото со парите и бегаат од местото. Возилото за бегство им е Форд Фокус, кој подоцна го оставаат "заборавајќи дека дури и во отсуство на отпечатоци може да се собере нивната ДНК."
Сличен инцидент прават во декември, повторно на паркинг на супермаркет во мал германски град. Повторно тројцата не успеваат да го пробијат оклопното возило, и повторно оставаат ДНК во автомобилот за бегство.
За тројката поранешни терористи германските власти нудат награда од 200.000 евра. Освен овие два неуспешни напади тие имаат и два успеха во кои украдоа 380 и 70 илјади евра.
Процената на германската полиција е дека ветераните на Бадер-Мајнхоф најверојатно се обидуваат да соберат пари за пензија.
"Тие долго време живеаа тајно, со поддршка од нивните симпатизери кои сега или се умрени или имаат свои економски проблеми. Ова очигледно е очајно време за нив и тие мора некако да најдат пари за преживување," изјавил портпаролот на германското обвинителство, Клаус Зихе.