Законот се донесува на 5-ти октомври 2011-та. Пратеник на владеачката партија дури предлага и амандман протестантите да бидат обврзани сами околу себе да подигнат огради (за да може полицијата полесно топтан да ги поапси), но не проаѓа.
Забраната за јавно аплаудира најбизарна примена наоѓа во случајот со извесен Константин Каплин, невработен човек од градот Гродно.
Каплин имал само една рака. Џабе. Тоа не бил доволен доказ за невиноста па е судски репнат со казна од околу 200 долари.
"Обвинителите го прочитаа обвинението, полицијата ги потврди наводите, судијата изгледаше засрамено но сепак ја донесе пресудата," изјави едноракиот Каплин.
Постојат наводи и за пресуди за извикување навредливи пароли кон Владата на глувонеми луѓе но тие не можат да бидат незвисно потврдени.