Списокот е од неофицијалниот твитер профил Лифот на Голдман Сакс (@GSElevator) и во него се наредени сите муабети што можеш да ги чуеш низ седиштето на компанијата (посебно во лифтот) на тема како од дете / момче се станува маж.
- Ако очекува 100% од времето да бидеш човекот што си 20% од времето, тогаш таа не те сака тебе.
- Престани да збориш за тоа кај си бил на колеџ.
- Секогаш носи кеш. И еден дел чувај го во предниот џеб.
- Бори се против "бизнис кежуал". Запали ги каки пантолоните и носи одело или џинс.
- Во ред е да ја трампаш веројатноста дека ќе дочекаш 80 или 90 години, во замена за забава кога си на 20 или 30 години.
- Никогаш 3 вечери по ред не останувај по полноќ... освен ако нешто навистина добро не се случи третата вечер.
- Ќе зажалиш за тетоважите.
- Никогаш не излегувај со бивша на твој пријател.
- Ако возењето автобус не те поттикне да ја подобриш твојата ситуација во животот, тогаш ништо нема.
- Кога ќе праша шанкерот, веќе треба да знаеш што сакаш да се напиеш.
- Ако се потиш, носи долна маица.
- Кога луѓето не те поканиле на забава не треба да одиш. А некогаш и кога ќе те поканат, не треба да отидеш.
- Кога се сомневаш, секогаш бакни ја девојката.
- Остави бакшиш повеќе од што треба.
- Веројатно премногу често го користиш мобилниот и тоа во погрешен момент.
- Направи 50 склекови, чучњеви и пропаѓања секое утро пред да се истушираш.
- Биди редовен во повеќе од еден бар.
- Однесувај се како веќе да си бил таму. Без разлика дали е во гол зоната на Супер боул или во приватен авион.
- Без "селфи." Обиди се да доживуваш моменти вредни за фотографирање во друштво на убава жена.
- Секогаш има повисоко ниво. Само биди задоволен што знаеш дека сепак ти е подобро отколку најголемиот дел од луѓето што некогаш живееле.
- Ќе ти прогледаат за многу работи ако ти си човекот што купува пијачки.
- Нарачај салата наместо помфрит.
- Не ја дели сметката.
- Кога шанкер те части пијачка, остави два пати поголем бакшиш.
- Биди спонтан.
- Пирсовите се проблематични во тепачки.
- Десертите се за жени. Нарачај и прави се дека не ти пречи што ќе го изеде и твојот.
- Купи одело пред да наполниш 30 и остани на таа големина.
- Врска со една девојка во даден момент е веројатно доволно.
- Организирај забави. Ама најди некој друг да ти чисти следниот ден.
- Прави фотографии. Со апарат.
- Секако дека треба да платиш ако си на вечера со неа.
- Држењето лутина и губење време.
- Одмаздата може да биде добар начин за да ти мине лутината.
- Секогаш носи шише со нешто на забавите.
- Избегнувај го "последното" виски. Веројатно си имал доволно.
- Ако си подуховит отколку што си убав, избегнувај гласни клубови.
- Пиј надвор. И преку ден. А понекогаш и сам.
- Излегувај со жени надвор од твоето социјално ниво. Ќе се изненадиш.
- Никогаш не прифаќај да ти се врати бившата. Таа се обидела да најде нешто подобро и сега се помирува со тебе.
- Читај повеќе. Ова ти дозволува да позајмиш нечиј туѓ ум и ќе те направи поинтересен на вечерата, под услов да не го започнеш разговорот со "Па, кого рече дека го читаш сега..."
- Игнорирај ги свирежите. Обично доаѓаат од евтините седишта.
- Запамети "правилата се за послушност на глупите и водилка за мудрите мажи."