Том Вејтс на балканската транзиција

Со години свири по задимени белградски крчми а уметничкото име му е "Кралот на Чачак". Дозволете му да ви опише како изгледа утрото.

"Кралот на Чачак затоа што сум владетел на сопствената кал, бидејќи Чачак значи кал", објаснува уметникот кој во државните книги е заведен како Ненад Мариќ.

Песните му се меланхолични, прошарани со болка и понекогаш играат на работ на очајот, но, истовремено се и јасно временски и социјално ситуирани што Мариќ го става во оној редок низ музички поети кои умееле да го опеат времето во кое пејат (Штулиќ, Карајлиќ, Никола Пејаковиќ, Дамир Авдиќ...)

Многумина ги потсетува на младиот Том Вејтс иако истите му замераат дека на гласот му фали уште доста шмирглање. Но рапавоста и убиеноста на гласот на Вејтс и онака не е сè кај него и е само згоден мамец за младата публика да се навлече на неговата музика и особена поетика. 

Кралот на Чачак звучи вака:

9 јануари 2016 - 14:46