Георг стана познат во македонската спортска јавност уште на 15 години кога Александар Васоски му даде шанса во првиот тим на Вардар.
Долго време го бараше своето место, а конечно сега во Бугарија игра одлично.
Сезонава постигна 8 гола и запиша 3 асистенции на 25 натпревари.
За приказната да биде подобра, тренер во Спартак Варна е легендарниот Ѓоко Хаџиевски, дедо на Георг.
Ѓоко не можеше да замисли подобро сценарио, го спаси Спартак од испаѓање со головите на својот внук.
Инаку искусниот Хаџиевски е популарен и меѓу навивачите, а тоа се виде и за време на прославата.
Навивач донесе транспарент со неговиот лик, бугарско и македонско знаме со порака:: „Нема да ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас“.
