Ќе мора да се отиде до Прилеп и да им се направи факт-чекинг на овие. Ем месото и скарата изгледаат добро, ем ќе имаме чувство дека веќе се познаваме, благодарејќи на рекламната песна полна со детали, од локација и адреса до профил на главните ликови (на пример, Делфина е од Србија). А трае ли трае. Таман ќе заврши првата строфа, ќе почне втора, таман машкиот вокал ќе се подзамори, ќе влета женски.