
Во 2010 година, Ози Озборн бил еден од околу 100 луѓе чиј генетски материјал бил земен за специјално проучување и дешифрирање.
Утврдиле дека е жив благодарејќи на генетска мутација во неговиот ДНК. Во неговиот генетски запис имало неколку интересни моменти но најфасцинантни биле гените одговорни за метаболизам на алкохол и дроги.
Според тестирањата, Озборн има генетска мутација која му овозможува да ги преработува алкохолот и дрогите многу побрзо отколку што е нормално.
Жестокото темпо на бутање сè што ќе му падне под рака едно време толку го компромитирал неговиот имунолошки систем што резултатите давале лажни сигнали дека има ХИВ.
Освен мутации на клучниот ген за метаболизам на алкохол и дроги, ADH4, Ози имал и други мутации кои пак, ја осветлуваат неговата склоност кон зависности.
Според студиите, тој имал шест пати поголема веројатност од просекот да стане зависен од алкохол и 1,31 пати поголема веројатност да стане зависен од тешки дроги. Дополнително, имал 2,6 пати поголема веројатност да халуцинира од марихуана.